Во Градскиот трговски центар во Скопје се отвори lounge барот „Umbrella“, кој вработи 10 лица со попреченост.
Барот е лоциран на местото на поранешното кафуле Чао.
Барот ќе им овозможи на оваа група граѓани, преку работа, активно да се вклучат во социјалниот живот и притоа да обезбедат личен приход, напиша на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој присутвуваше на отварањето.
„Колку побрзо научиме да ги прифаќаме различностите, толку побрзо ќе изградиме поубава Македонија. Сите граѓани треба да ги гледаме како потенцијал. Да ги гледаме околу нас да им дадеме можност да заработуваат и со тоа да допринесат за економскиот раст на земјата. Новоотворениот ресторан Амбрела ја даде таа можност со вработување на лица со посебни потреби“, напиша министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на Фејсбук, која исто така присуствуваше на отварањето.
Проектот е подржан од Министерството за труд и социјална политика, Општина Карпош и Агенцијата за вработување, а Филозофскиот факултет се јавува како партнер од аспект на кадар и поддршка со студенти.
Фото: Фејсбук/Богоев/Царовска