еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Бараат Владата да каже за што преговара со Бугарија: Протести на ВМРО-ДПМНЕ со блокади на сообраќајот во Скопје и други градови

ВМРО-ДПМНЕ на три раскрсници во Скопје и неколку градови во државава од 15 часот излезе на протести кои вчера претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски ги најави како протест на кој бараат документот за кој, како што велат, преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски со техничата Влада во Бугарија да биде ставен на увид на јавноста.

Пратеникот во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски од пред раскрсница кај Градската болница рече дека бараат власта да покаже дали се преговара за идентитетот или јазикот и повика да не се прават грешни чекори и да се покаже за што се преговара. Најави дека на улиците ќе бидат и следните денови со очекување да дознаат за што се преговара.

Неговиот партиски колега Тимчо Муцунски пак нагласи дека потврдата на бугарскиот министер за надворешни работи дека бугарските позицији во спорот се предвидливи и конзистентни за разлика од нашите. Тој побара граѓаните да знаат за што се преговара.

Вели дека веќе слушнале дека не се преговара за идентитетот или јазикот но, според него, праксата на Владата била попусливост и откажување од јавно декларираните заложби за нашата држава.

Мицкоски вчера рече дека од високи дипломатски извори и од Брисел, но и од официјална Софија, дознале дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот Парламент практично ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија во преговорите со Македонија се раководи од Декларацијата на бугарскиот Парламент, вели министерот Стоев

Барањата од Декларацијата на бугарскиот Парламент ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, тврди Мицкоски

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен, па пуштен личниот возач на Али Ахмети, возел со регистарски таблички од друго возило

Редакција

Заев нема да бара оставка од Рашковски

Редакција

Убава вест: 202 оздравени од Ковид-19

Редакција