еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Како иконата на Богородица го направи селцето Канала на Китнос топ религиозна дестинација во Грција

Икона на Богородица, која преставува одлично уметничко дело, насликана од Емануел Скордилис во 1575 година, го стави селцето Канала на грчкиот остров Китнос на листата на најпознати грчки религиозни дестинации.

Иконата била пронајдаена од рибар во област помеѓу Китнос и соседниот остров Скордилис, а легендата вели дека местото каде ја нашол му било освлетено.

На 15 август кога Грците го слават празникот познат кај нас како Голема Богородица, иконата која е изложена во црква изградена во 1869 година, се „шета“ низ селото, а на чинот присуствуваат многу верници и туристи.

На моето прашање до локалците дали се плашат дека таа може да биде украдена (како што е случај со бројни икони кај нас, посебно во црквите по западна Македонија), тие ми велат дека тоа е невозможно, бидејќи секој што се обидел да го направи тоа го следи несреќа.

Канала е позната и по трите убави плажи: Мегали Амос, Амоудаки и Антонидес.

П.С. Кога сте веќе на Китнос, пробајте ги и одличните локални традционални топчиња од сирење и јајца, “sfouggato”.

Насловна фотографија: aegeanislands.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Надлежните збунети: Две лица вработени во кумановската болница по втор пат позитивни на Ковид-19

Редакција

Рекордни 317 заразени со Ковид-19 од 1.990 тестирања, во Скопје најмногу 182

Редакција

(Фото) Атиџе со нова фризура непрепознатлива за на Оскари: Ќе може да им парирам на Бред Пит и Ди Каприо

Редакција