Комерцијална банка ја отвори првата целосно дигитализирана експозитура која се наоѓа во Скопје, на ул. Македонија и работи 24 часа, секој ден од годината, информираат од банката на нивната Фејсбук страна.
Опремена е со банкомати и најнови дигитални киосци за безготовинско плаќање на сметки. Во неа можете во кој било дел од денот да подигате или внесувате готовина, да вршите замена на евра во денари, да плаќате сметки за јавните услуги, како и да испечатите извод од трансакциска сметка на физичко лице за која имате претплата на интернет-банка, велат од банката.
„Експозитурата нуди одличен комфор, постојано е под видео надзор и приспособена е за лица со посебни потреби. Влезот во експозитурата е овозможен со сите банкарски картички, а услугите ќе можат да ги користат како нашите, така и клиентите на другите домашни или странски банки“, велат од банката.
фото: Фејсбук/Комерцијална банка