Втора година по ред се одржа специфичен настан, „флеш моб“ кој ги изненади посетителите на Пјаца Дуомо во Милано. На почетокот на март, Лаура Броши, повторно организираше „Модна писта за позитивна слика на телото“, настан на кој како главен поддржувач се јави LISCA. Жени од сите облици, големини, бои и состојби на кожа, гордо чекореа пред многубројната публика и обожаватели, со цел уште еднаш да ја нагласат важноста на самодовербата.
Лаура Броши, модел и инфлуенсер со над 500 илјади следбеници на социјалните медиуми, оваа година беше поддржана од 150 девојки кои се соблекоа по долна облека во центарот на Милано за посебна кауза. Настанот кој се одржа втора година по ред беше креиран и организиран за да се пренесе целта, да се каже НЕ на дискриминацијата и да се убедат жените и мажите да „ги соблечат сите видови на предрасуди“.
Лaура и нејзините девојки и поддржувачи чекореа по модната патека во целосно бела долна облека Lisca (во линијата Alegra и сосема нова серија Desiree). На пистата, облечени во Lisca, учествуваа моделот Фабијана Пасторино, Miss Italia Curvy 2016, моделот за плус броеви Зуза Закревска од Полска, германскиот модел за плус броеви Шарон Гробен, блогерката Бенедет Де Лука и влијателниот модел Нина Рима.
Брендот Lisca, секогаш е посветен на промоцијата на убавината на секоја жена и поддржувач на иницијативата #proudtobeme, сега повторно гордо беше дел од настанот на Лаура. Таа, заедно со нејзиното момче Паоло Патриа, ја основала асоцијацијата за „Позитивна слика за телото“, со цел да создаде меѓународни настани кои можат да го зголемат чувството на самодоверба и кохезија.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА