Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје на седница одржана на ден 29.1.2020 година донесе oдлука со која Георг Бухер се именува за претседател на Надзорниот одбор на банката, а Валбурга Зајдл за заменик претседател, соопшти банката преку Македонската берза.
„Мандатот на новиот претседател и заменик претседател на Надзорен одбор на банката ќе трае се до истекот на нивниот мандат како членови на Надзорниот одбор на банката.
На истата седница, Надзорниот одбор донесе одлука со која ги разреши следните членови на Одборот за ревизија на банката: Жан-Филип Гијом, Ален Жерард Конус и Марија Којчева-Русева.
На местото од разрешените членови, беа избрани следните нови членови на Одборот за ревизија на Охридска банка АД Скопје: Георг Бухер, Ханс Лудвиг Диксер, Славиша Којиќ и Валбурга Зајдл“, информираат од банката.
Оттаму додаваат дека мандатот на членовите на Одборот за ревизија трае 4 години, сметано од денот на нивното именување, до истекот на нивниот мандат како членови на Надзорниот одбор на банката.
„На седница на Одборот за ревизија, Георг Бухер се именуваше за заменик претседател на Одборот за ревизија. Мандатот на заменик претседателот на Одборот за ревизија ќе му трае се до истекот на неговиот мандат како член на Надзорниот одбор на банката“, велат од банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернерката на Народна банка даде зелено светло за промените во Надзорниот одбор на Охридска банка