еМагазин
Image default
Македонија

Германија донира 20 возила и 351 пар чизми на МВР

Германското сојузно Министерство за внатрешни работи донираше 20 возила “Дачија дастер“, вредни околу 323.000 евра како и 351 пар чизми за потребите на граничната полиција при Бирото за јавна безбедност на МВР.

Од МВР информираа дека во рамки на богатата повеќегодишна билатерална соработка меѓу двете министерства во делот на донациите ова е трета германска донација за потребите на полициските единици при МВР, чија што вкупна вредност ја надминува цифрата од 660.000 евра.

Во низата досега потпишани билатерални акти, договори и меморандуми за соработка, во моментов во тек е меѓусебното експертско ускладување на билатералниот договор меѓу владите на двете земји за соработка во борбата против криминалот што се очекува во скоро време да биде потпишан.

На врачувањето на донацијата присуствуваа германскиот амбасадор во земјава,Томас Герберих, како и директорот при Федералната полиција на Германија, генералот Грегор Пелцл.

Донацијата ја прими министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арбр Адеми, претставник на ДУИ во работната група за уставни измени

Редакција

Незамисливо е Камчев кој „наводно“ дал 1,5 милиони евра да нема статус на оштетено лице, вели обраната на Боки 13

Редакција

(Видео) Евидентирале дека турски државјани влегле во Македонија, а ги немало на Блаце, кривична за двајца полицајци

Редакција