еМагазин
Image default
Македонија

Германија ги призна македонските возaчки дозволи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и амбасадорот на СР Германија, Томас Герберих денеска во Скопје ја потпишаа заедничката декларација меѓу македонското МВР и германското сојузно министерство за транспорт и дигитална инфраструктура, за олеснување на постапките за меѓусебна замена  на возачките дозволи на граѓаните од Република Македонија и Сојузна Република Германија.

„Денешниот ден е многу значаен затоа што потпишуваме долгоочекуван договор, договор за кој најдовме начин да ги завршиме преговорите и да го потпишеме. Знаете дека овој процес на разговори трае многу долго и навистина сум среќен што успеавме за една година да ги отстраниме сите пречки кои што беа за да се склучи еден ваков договор„, рече Спасовски.

Овој процес со години беше заглавен во лавиринтите на меѓусебното нормативно усогласување помеѓу надлежните служби на Република Македонија и СР Германија, без надеж за успешно решавање на отворените прашања. Граѓаните со право беа нестрпливи, затоа што со години им беа давани празни ветувања, рече Спасовски, но од денес, со потпишувањето на Декларацијата, ќе им овозможиме на нашите граѓани, од двете пријателски земји, да ги користат бенефитите од меѓусебното признавање на возачките дозволи.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани се вкупно 647.769 граѓани: 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Вкупно 456 од случаите на Ковид-19 во Македонија се импортирани

Редакција

При крај е скринингот за имунитет на населението во Дебар и Центар Жупа

Редакција