Владата на последната седница разгледувала информација во врска со потребата од склучување на нов рамковен договор меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР) и „Veridos-GMBH“ со кој се предвидува оваа германска компанија да ги печати новите пасоши на граѓаните на Република Северна Македонија, потврдуваат од Владата за еМагазин.
За еМагазин од Владата велат дека станува збор за двогодишен договор.
Се работи за компанија која ги печатеше обрасците за возачки дозволи уште за време на поранешната владејчка гарнитура.
Инаку, Оливер Спасовски, додека беше технички министер за внатрешни работи одржа прес-конференција на која информира дека формирал посебна комисија во МВР со цел да испита зошто во магацините на министерството има 70.000 возачки дозволи со погрешни сериски броеви.
Од германската компанија тогаш соопштија дека пропустот бил ненамерно направен и дека спорните обрасци бесплатно ќе бидат заменети.
еМагазин го контактираше и МВР од каде побара објаснување дали станува збор за нов договор или продолжување на постоечкиот. До објавување на информацијата не добивме повратен одговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во пасошите почнаа да се става печатот со појаснување дека припаѓаат на Северна Македонија