еМагазин
Image default
Македонија

Годинава со судски налог биле прислушувани 369 лица

Во 2019 година заклучно со септември, Оперативно-техничката агенција (ОТА) технички посредувала во активирање на мерката за следење на комуникациите вкупно во 369 комуникации, вели директорот на ОТА, Зоран Ангеловски во интервју за МИА.

Ви пренесуваме дел од интервјуто:

Како и по чија наредба ОТА може да прислушува? Со сегашната поставеност, според Вас, можно ли е повторно да ни се случат „бомби“ или „Големото уво“?

ОТА обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и овластените органи, при што потребно е да се нагласи дека ОТА не поседува техничка можност за пристап до содржината на следената комуникација, што значи дека ОТА не прислушува. Техничката поврзаност се обезбедува исклучиво врз основа на судска наредба заради спроведување на следењето на комуникациите во согласност со Законот за следење на комуникациите, односно ОТА постапува само врз основа на добиена судска наредба.

Сметам дека не постои можност повторно да ни се случат „бомби“ или „Големото уво“ од причина што ОТА во своето работење се раководи и се придржува на законските одредби, односно доколку не добие судска наредба, ОТА не обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и овластените органи, што значи дека не се овозможува следење на комуникациите.

Воедно, сакам да истакнам дека ОТА подлежи на многу контроли, во кои се вбројуваат: Собранието на Република Северна Македонија, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Народниот правобранител на Република Северна Македонија, Советот за граѓанска контрола, судовите и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, поради што можноста за противзаконско работење на ОТА е сведена на минимум.

Во колку случаи во 2019 година ОТА технички посредувала во активирање на мерката за следење на комуникациите? Дали меѓу нив има и за потребите на СЈО?

Во 2019 година заклучно со септември, ОТА технички посредувала во активирање на мерката за следење на комуникациите вкупно во 369 комуникации.

Имено, ОТА не прави никаква разлика од кого потекнува барањето за следење на комуникациите, важно е да постои соодветна судска наредба. Дали барањето потекнува од Бирото за јавна безбедност, Агенцијата за национална безбедност или кој било друг овластен орган, за ОТА не игра никаква улога.

Целото интервју, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот на Зеќири: Паричните средства што му се ставаат на товар се далеку помали

Редакција

За Инспекторат за труд не било важно чии роднини работат во М-НАВ

Редакција

Британскиот сој на Ковид-19 бил присутен во Македонија уште во декември

Редакција