Да се гордееме со домашните текстилни компании. Брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет!, напиша министерката за финансии, Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.
„Извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300 отсто поголем во април споредено со април минатата година. Македонските маски и опрема ќе го заштитат здравјето на илјадници граѓани ширум светот“, наведува таа во објавата.
Таа додава дека најмногу заштитна опрема според вредност сме извезле во Германија, Катар, Холандија, Белгија и Австрија.
Оценува дека брзата адаптација е клучот за успехот.
„Се шијат и извезуваат:маски, скафандери, заштитни одела, па дури и торбички и футроли за маски. За 300 отсто е зголемен извозот на „други текстилни производи“: април 2020 – 390 милиони денари, април 2019 – 135 милиони денари“, наведува министерката и додава дека тоа е пример за сите и дека најбргу ќе ја пребродат кризата, оние кои најбрзо ќе се адаптираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Корона вирусот удри по трговијата: Пад на македонскиот извоз
Народната банка очекува пад од 3,5 отсто на македонската економија поради корона вирусот