Од полноќ за денар ипол поевтинуваат „Еуросупер БС-95“, „Еуросупер БС-98“ и дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 89 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава по цена од 91 денар за литар, додека цената на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар за литар и ќе се продава по дена од 85 денари за литар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.