еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 отсто.

Малопродажните цени на бензинот „Еуросупер БС-98“, на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5, додека малопродажната цена на „Еуросупер БС-95“ се зголемува за два денари за литар.

Па така „Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 79 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе чини 81, дизелот пак, 81,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 80 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,062 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,655 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 5,153 отсто, кај дизелот за 2,83, кај екстра лесното масло за 3,424 и кај мазутот за 0,596 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер тежок 250.000 евра: „Македонски шуми“ купува теренски возила

Редакција

Утре ќе се одржи најголемото 7. издание на Конференцијата за е-трговија со повеќе од 700 домашни и странски гости

Редакција

Домашен притвор за мотоциклист кој без возачка удри 10-годишно девојче на пешачки премин

Редакција