На синоќешната седница Владата ја разгледа и информацијата на Министерството за надворешни работи за бројот на наши државјани кои оваа ситуација ги затекна во други држави.
За да им се обезбеди можност да се вратат во земјата, Владата ги задолжи Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт и врски да подготват посебен план за хуманитарни летови, а нивна законска обврска ќе биде кога ќе се вратат да прифатат дека ќе мора да поминат соодветен број денови во карантински услови за нивна и за безбедност на сите останати граѓани.
„Владата ја разгледа Информацијата за активностите за справување со затекнатите државјани на Македонија во странство, со Предлог – одлука, ја усвои Информацијата и го донесе новиот текст на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните вратени од странство со хуманитарни летови,“ соопштуваат од Влада.
Плаќањето на авионската карта за организираниот лет ќе биде на товар на патникот, додека трошоците за сместување, транспорт од аеродром и храна ќе бидат на товар на буџетот.
Објектите кои ќе бидат определени за државен карантин да бидат обезбедувани од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи и припадниците на Армијат, секој кат од објектот, секој влез и излез на објектот и просторот околу објектот.
Периодот во кој овие лица ќе бидат сместени во државен карантин да биде најмалку 15 дена, веднаш по нивното слетување. Лицата кои ќе бидат сместени во државен карантин да бидат по едно до две лица во просторија. Храната за овие лица да се дистрибуира директно до просториите, а хигиената во истите да ја одржуваат сами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 76 лица заболени од корона вирусот: Шест новозаболени, меѓу кои брачна двојка од Кавадарци
Владата ќе воведе забрана и посебен режим на движење: Армијата и полицијата излегуваат на улица