еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш за насилството во Собранието: Мислев дека никој жив нема да излезе од салата

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска во Кривичниот суд сведочеше на судењето на обвинетите за настаните во Собранието на Македонија на 27 април минатата година.

Дудуш во судницата рече дека се сеќава оти на 27 април бил на галеријата во прес-салата во Собранието кога влегла поголема група демонстранти кои извикувале „ќе бидете убиени”. Надвор пред прес-салата го препознал Игор Дурловски. Мислел дека никој жив нема да излезе од салата и сите се плашеле за нивните животи.

На прашање на бранителот Еленко Миланов каде го видел Дурловски, тој рече дека го видел пред салата каде што се одвивало насилството и дека кога се симнувал на скалите пред да биде евакуиран, три лица го нападнале, а според него, Дурловски ги навел на тоа, но оти не може да тврди со сигурност.

На претходното рочиште беа сослушани само двајца од предвидените сведоци, бидејќи судијката Добрила Кацарска го одложи, откако на обвинетиот Мунир Пепиќ му се слоши и требаше да оди на лекарски преглед.

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневен настан: Во струшко возило на Брза помош породиле бебе

Редакција

80,1% од починатите од Ковид-19 во Македонија со претходни заболувања

Редакција

1 лице од новопочинатите од коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Редакција