еМагазин
Image default
Македонија

Грчките медиуми почнаа да го користат името Северна Македонија: Реакции за потпишаниот Протокол за НАТО

„Потпишан протоколот за пристап на ПЈРМ во НАТО“, „Земјите членки на атлантската алијанса го потпишаа протоколот за пристап на ПЈРМ“, „Скопје во НАТО: Во Брисел потпишан протоколот за пристапување“,  „Членките на НАТО го потпишаа протоколот за пристап на Северна Македонија во Алијансата“, „Северна Македонија: НАТО го потпиша протоколот за нејзин пристап“, „Историски момент за ПЈРМ: Потпишан протоколот за членство на Скопје во НАТО“, се дел од насловите во грчките медиуми за потпишаниот протокол во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Поголемиот дел од медиумите во Грција, технички, без анализи и коментари го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција.

АНА-МПА, во посебен текст под наслов „Столтенберг: Импресиониран сум од храброста и посветеноста на Ципрас и Заев“, ги пренесува изјавите на генералниот секретар на НАТО и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

-Како „историски ден“ го карактеризираше денешното потпишување на протоколот за прием на ПЈРМ во НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг за време на прес-конференцијата заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во седиштето на НАТО во Брисел, пишува АНА-МПА на почетокот на текстот.

Веста за потпишаниот протокол беше дел и од пладневните изданија на вестите на грчките телевизии.

Дел од медиумите во Грција, во нивните текстови веќе го користат името Северна Македонија, други привремената референца ПЈРМ.

Дописничката од Брисел на грчката телевизијата Скај, за време на целиот нејзин извештај го користеше името Северна Македонија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Влеговме во НАТО, сега уште во 21 век да влеземе и ок сме„: Твитер се „загреа“

Заев: Ова е голем историски ден, обезбедивме трајна стабилност за земјата

Груевски на Фејсбук: „Прво влез во НАТО и ЕУ, а потоа корекција на штетата„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рочиштето за „Рекет“ одложено за утре поради здравствени проблеми на Боки-13

Редакција

58,9% од хоспитализираните со Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања

Редакција

Комисијата за заразни болести со препорака до Владата од утре да се воведат тестови за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Редакција