Засега остануваме на нашиот основен план, вели портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, одговарајќи на прашањето дали ќе се отворат копнените граници на 1 јули.
„Ги следиме одблиску епидемиолошките карактеристики во сите земји што се однесуваат на нас. За среќа гледаме поклопување на епидемиолошките податоци во многу од земјите од Европската унија и од соседните земји. Но, постојат некои во кои има пораст.
Постојат и трети земји, вон Европската унија и вон Шенген. Според тоа ја следиме ова разврска. Во консултација сме властите од Европската унија и сите соопштенија што ќе биде потребно да се направат, ќе ги имаме во следните денови. Засега остануваме на нашиот основен план“, рече Пецас во однос на границите, но и во однос на тоа дали грчката Влада е загрижена за зголемениот број случаи на Ковид-19 во соседните земји.
Одговарајќи на новинарските прашања во однос на информациите дека Европа размислува наместо на 1 јули да ги отвори подоцна границите за одредени земји, портпаролот на грчката Влада објасни дека планот на Атина е познат и јавно соопштен, но и дека е „план што континуирано се ажурира и во соработка со европските власти“.
„Останатите теми поврзани со копнениот или воздушниот транспорт, секојдневно се разгледуваат и доколку е потребно ажурирање на нашиот план, ќе го добиете навремено“, додаде Пецас.
Објасни дека работат на обезбедување најдобра можна заштита на туристите, но и на локалното население и вработените во туристичкиот сектор, бидејќи за Владата најважни се безбедноста и здравјето на сите.
„Се наоѓаме една седмица пред вториот и поважен чекор за отворање на нашата земја во туризмот. Продолжуваме со подготовките за да обезбедиме најголема можна заштита на здравјето на вработените во секторот, на жителите на туристичките дестинации и секако на нашите посетители.
Пораката што ја испраќаме е јасна. Нашата прва грижа е безбедноста и здравјето на сите. Појави на опуштање не треба да има, особено во трансферот и во угостителските објекти“, рече Пецас.
Паралелно, додаде дека ги проучуваат и резултатите од досега спроведените тестови на влезните точки во Грција и ги следат епидемиолошките податоци во земјите на потекло на туристите.
Во однос на загубите за Грција во делот на туризмот, Пецас рече дека е рано е да се предвиди колкави ќе бидат, истакнувајќи дека сепак ќе влијаат на длабоката рецесија, за кој додаде дека целта е да направат сѐ што можат за да биде привремена.
МИА/Фото: МВР
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција на 1 јули ќе ја отвори границата кон Македонија само на преминот Евзони
Лани македонските државјани потрошиле 114 милиони евра во Грција
(Видео) Невреме со град ги „замрзна“ улиците во Грција