еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски нема да одговара за „Траекторија“ поради застареност на делото, трошоците ќе ги платат граѓаните

Експремиерот Никола Груевски нема да одговара за примање награда за противзаконско влијание, дело за кое беше обвинет во случајот „Траекторија“ поради тоа што делото е застарено односно изминале шест години од дејствието.

Судските трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе ги платат граѓаните преку буџетот на државата. Обвинителката Лиле Стефановска која го водеше овој случај не ја коментарише одлуката за застареност на делото.

По ваквата одлука на судот, судењето ќе продолжи против поранешните функционери на ВМРО- ДПМНЕ, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски.

Судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, „Траекторија“, се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Откако Груевски „куртули“, останува да се види каков ќе биде исходот против останатите обвинети кои се товарат за злоупотреба на службена положба за разлика од Груевски кој беше обвинет за примање награда за противзаконско влијание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„На СДСМ им застарува власта на 12 април“: Твитер реакции оти Груевски нема да одговара за „Траекторија“

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сребро за македонското студио Omni Creative во Њујорк на MUSE Design Awards

Редакција

Нови 178 случaи со Ковид-19 од 1.368 тестирања: Најголем број од заразените во Скопје, Куманово, Прилеп, Кочани и Тетово

Редакција

Превентивно повлечени и други серии од производите „киндер“

Редакција