Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот профил на Фејсбук реагираше и на прес-конференцијата на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Антонио Милошоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски, тврди Милошоски
-За Антонио Милошоски кој држеше прес конференција против мене имам многу што да кажам, но засега ќе се воздржам.
Само ќе кажам дека многу добро го запознав неговиот карактер и минато.
Тој при секоја смена на лидер со сопствена иницијатива бара начини да го нападне претходниот, за да се истакне кај новиот.
Така ќе биде и кога Мицкоски ќе си замине од челната позиција на партијата еден ден.
Антонио ќе држи прес конференција, а на интерни состаноци најжестоко ќе зборува против него како да му е прв душман, од првиот ден, за да ги добие симпатиите на новиот водач. Така функционира тој човек. Таков бил, таков е сега, таков и ќе си остане, напиша Груевски..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски ги повика членовите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не му веруваат на Мицкоски
„Мицкоски против Груевски значи дека има 80 пратеници за гласање?“: Твитер реакции
Фото: Фејсбук/Груевски