еМагазин
Image default
Техно

Гугл ќе плати казна од 3,8 милиони долари поради дискриминација

Американското Министерство за труд соопшти дека компанијата Гугл прифатила да плати 3,8 милиони долари по обвинението за дискриминација кон азиските жени.

Најголем дел од сумата ќе биде наменета за исплата на отштета на 2.565 жени вработени во Гугл на позицијата инженер, како и за 3.000 кандидатки или кандидати од азиско потекло кои не биле избрани на тие функции, соопшти синоќа Министерството.

Гугл наведува дека дискриминацијата е забележана за време на рутинска интерна анализа и компанијата прифатила да ја исплати оваа сума со цел да ја поправи ситуацијата, истовремено демантирајќи дека го прекршила законот.

– Сметаме дека секој треба да биде платен според работата која ја извршува, а не според тоа кој е. Инвестираме големи средства за да овозможиме процесот на вработување и компензации да биде праведен, истакна портпаролка на Гугл.

Таа изјави дека компанијата сега ги анализира податоците за плати и бара неправилности, изразувајќи незадоволство, бидејќи се решаваат проблеми за наводна дискриминација.

Според Министерството за труд, во една анализа се откриени разлики во заработувачките на вработените во центрите на Гугл во Силициумска Долина и во американската сојузна држава Вашингтон, во северозападниот дел на САД.

Претставничка на Министерството за труд нагласи дека дискриминацијата во платите претставува системски проблем.

Министерството, исто така, откри разлики во стапката на вработување на позицијата инженер за информатика, кои биле неповолни за женските и азиските кандидати.

Во рамки на прифатениот договор, Гугл ќе ги преиспита правилата, процедурите и праксата за вработување и плаќања компензации, нагласи американското Министерство.

МИА/Фото: Photo by Mitchell Luo on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе време поминувате пред телефонот наместо пред телевизорот? Наскоро можеби ќе ја промените таа навика

Редакција

Мажите во Македонија повеќе од жените се на социјалните мрежи

Редакција

Фејсбук, Инстаграм, ВатсАп и Месинџер недостапни во цел свет

Редакција