Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш повика на четиридневен велигденски хуманитарен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од 21 април.
Гутереш го даде предлогот во седиштето на ОН, велејќи дека прекинот на огнот ќе овозможи евакуација на цивилите од „подрачјето на сегашна или очекувана конфронтација“ и испорака на хуманитарна помош во области како што се Мариупол, Доњецк, Луганск и Херсон.
Тој посочи дека ОН се подготвени во тој период да испратат конвои со хуманитарна помош на тие локации.
– Четиридневниот велигденски период треба да биде момент за обединување околу спасување животи и понатамошен дијалог со цел да се стави крај на страдањата во Украина, рече Гутереш.
МИА/Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.