„Хак бус“ организира бесплатен автобус превоз до Албанија до 1 декември.
„Во овие лоши денови да бидеме заедно и да им помогнеме на граѓаните на Албанија кои беа погодени од силниот земјотрес. Сите кои се заинтересирани и сакаат да помогнат Hak Bus организира бесплатен превоз со следните тргнувања:
Скопје 09:00 и 21:00 часот
Teтово 10:00 и 22:00 часот
Гостивар 11:00 и 23:00
Кичево 12:00 dhe 00:00
Струга 13:00 и 01:00.
Kонтакт 00 389 75 209 209 фиксен 00 389 44 33 15 87.
Кој може да помогне со храна, облека, ќебиња, душеци… и други елементарни работи може да се приклучи и да помогне“ се вели во апелот.
Според последните информации во земјотресите во Албанија загинаа најмалку 28 лица, а над 650 се повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пратеникот Влатко Ѓорчев на терен помагаше по земјотресите во Албанија
Расте црниот биланс: Најмалку 28 жртви и 650 повредени од земјотресот во Албанија
Фото: Фејсбук/Хак бус