Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека одредениот 30-дневен притвор на активистката Моника Ристоска, позната како Моника Конопова, не е неопходен за водење на кривичната постапка и препорачува други видови на мерки на претпазливост заради обезбедување на присуство во постапката за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“ – според член 215 од Кривичниот законик.
Хелсиншкиот комитет препорачува мерката притвор да се користи како мерка на претпазливост во исклучителни случаи, а не како репресивен механизам.
– Во оваа прилика потсетуваме и на неприфатливата селективност при одредување мерка притвор од страна на надлежните органи, особено во случаи на корупција и организиран криминал. Исто така, следејќи го светскиот тренд за декриминализација и легализација на употребата на канабисот, ја повикуваме Владата сериозно да ги земе предвид иницијативите за подготовка на нови законски решенија во оваа област, соопшти Хелсиншкиот комитет.
Фото: Фејсбук/Ристоска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Владата одлуката за 30-дневен притвор за Моника е престрога
Што се нашла полицијата: Детали од Обвинителството за притворот за Моника
„И јас сум Моника, апсете ме!„: Протест за затворената активистка за легализација на марихуаната
30 дена притвор за активистката Моника која се залага за легализација на марихуаната