еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И моето дете има право да ги користи сите права, како и другите, вели Џафери за синот кој ќе стане обвинител

Моите деца, како и сите граѓанин на оваа држава, ги уживаат истите права и можности во оваа општество, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако името на неговиот син Барлет Џафери се најде на листата на оние кои ја завршиле Академијата за судии и обвинители.

Спикерот Џафери на денешниот брифинг со новинарите додаде дека иако Државната комисија за спречување на корупцијата покрена постапка против неговиот син, таа била запрена, бидејќи, како што рече, Антикорупциска не можела да утврди злоупотреба.

– Во секој случај, јас сум свесен како претседател на Собранието, како носител на јавна функција, дека сензацијата е поголема кога се работи за член на семејството на носител на висока функција.

Антикорупциска имала постапка и таа постапка е запрена, бидејќи не можело да се утврди злоупотреба од страна на мојот син. Работа на институциите е друга работа и тоа не не засега ниту мојот син, ниту мене, рече Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на Џафери и сопругата на Абази ќе станат обвинители, сопругата на Муцунски судијка

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОСТ: Одѕивот до 10 часот 6,6 отсто, неправилности на две гласачки места

Редакција

Во јануарската сметка за струја, нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа

Редакција

Детското одделение во струшката болница отворено за пациенти болни од Ковид-19

Редакција