еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И пописот во Бугарија покажа дека таму живеат Македонци

На последниот попис во соседна Бугарија како Македонци се изјасниле 1.143 лица, соопштија вчера од Националниот статистички институт.

Македонците, за кои единствено бугарските власти велат дека не постојат во нивната земја, ги нема во пописните резултати, бидејќи се ставени со други малцинства во група „други„.

Тамошната јавност го дозна овој податок, откако новинарите на презентацијата на резултатите прашаа кои се другите етнички групи, па добија одговор дека 1.143 лица изразиле „чувство“ дека се Македонци.

Новинарите прашаа и зошто тие лица не биле заведени како „северомакедонци“, кои не постојат, на што добија одговор, дека неможе така да бидат запишани, бидејќи станува збор за етничка група.

Во Бугарија според податоците од пописот речиси 85% од населението се изјаснило како Бугари, а во земјата живеат и Турци (8,4%), Роми (4,4%), како и помал број на Полјаци, Руси, Ерменци, Украинци,  Власи, Грци…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чие сценарио се спроведува со нападот на бугарскиот клуб во Охрид?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Групацијата 4iG со значителен чекор поблиску да стане мобилен оператор во Северна Македонија

Редакција

Инфективните одделенија се оптоварени, лекарите преморени: Реорганизација за напливот пациенти со корона вирусот

Редакција

(ВИДЕО) Се јави Реџепи од Беса: Добро сум, се ќе раскажам кога ќе поминат заканите

Редакција