Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на нејзиниот фејсбук-профил објави дека ќе биде во самоизолација поради кратка средба со директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска која е позитивна на корона вирусот.
„По насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе бидам во самоизолација, поради кратка средба што ја имав со мојата пријателка Сања Лукаревска. Немам никакви симптоми, се чувствувам одлично, а ќе се тестирам во текот на утрешниот ден.
На мојата драга пријателка Сања, на другарот Мухамед Зекири и неговото семејство и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација, им посакувам брзо оздравување и добро здравје,“ напиша Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во самоизолација и директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми откако контактирал со Зекири
Има негативен тест за Ковид-19, но Царовска оди во самоизолација, имала средба со Зекири
И националниот кординатор Забрчанец во самоизолација, со Зекири имал состанок
Министерот Манчевски оди во самоизолација, имал средба со Зекири
Фото: Фејсбук/Кузеска