еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Се уште непознат идентитетот на починатиот пронајден на Плачковица

Основното јавно обвинителство во Радовиш работи на утврдување на идентитетот на починатото лице кое беше откриено на 24 минатиот месец на планината Плачковица, во местото „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, Радовишко.

Во информацијата за МИА од ЈО велат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш издал наредба за обдукција по која се постапува, но вештиот наод за причините за смртта се уште не бил доставен до надлежниот јавен обвинител.

Инаку, според првичните информации од полицијата, трупот на починатото лице подолго време бил на местото каде е пронајден. Беше лоциран на тешко пристапен планински предел, во длабок дол.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 105 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Галерија) Тања Иванова изработува фустани кои изгледаат како уметнички дела на телата

Редакција

Во Скопје повторно активирани мерките поради загадување на воздухот, во Тетово укинати

Редакција