На денешната прес конференција, лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информираше дека формирал тим од стратешки соработници.
Тимот е формиран од домашни и странски професори, доктори по наука, експерти, аналитичари…, кои како што рече ќе му помогнат во обновата на Македонија, а истиот ја добил подршката од Извршниот комитет на партијата.
Тој најави дека истиот во периодот што следува ќе се проширува.
Во тимот влегуваат:
Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова – стратешки соработник за прашања од областа на правото и политичкиот систем.
Проф. Д-р. Сашко Кедев – стратешки соработник за прашања од областа на медицината и здравствените политики.
Проф. Д-р. Владимир Дукоски – стратешки соработник за технолошки развој и образовни политики.
Проф. Д-р. Хозе Тараско – стратешки соработник за прашања од областа на економија.
Оперскиот пејач Игор Дурловски – стратешки соработник за прашања од областа на културата.
Влатко Гигов – стратешки соработник за нови производи и социјални медиуми.
Јанко Баждавела – стратешки соработник за напредни технологии и аналитика.
Ракометарот Борко Ристовски – стратешки соработник за прашања од областа на спортот.
Сања Божиновска – стратешки соработник за прашања од областа на енергетиката.
Акан Махмут – стратешки соработник од областа на туризмот.
Проф. Д-р. Лазар Јовевски – стратешки соработник од областа на трудовото право.
Проф. Д-р. Зоран Марков – стратешки соработник од областа на машинската индустрија.
Проф. Д-р.Гоце Наумовски – стратешки соработник од областа на интелектуалната сопственост.
Проф. Д-р. Гоце Андревски – стратешки соработник за прашања од областа на бизнисот и организациските стратегии.
Проф. Д-р. Александар Климовски – стратешки соработник за прашања од областа на корпоративното право.
Коста Митровски – стратешки соработник за прашања од областа на банкарската политика.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ