еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Иако има лесно зголемување на позитивни на Ковид-19 во Скопје и Тетово, нема нови мерки

Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледуваше епидемилошката состојба во државата.

„Лесно зголемување на позитивни од тестирани за Ковид-19 има во Скопје и Тетово. Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор.

И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид-19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации.

Комиисјата за заразни болести во моментов останува на досега препорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба,“ се вели во соопштението.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид-19.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петар Богојевски е нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Редакција

(Фото) Луксузен превоз со приватни авиони, јахти и хеликоптери на македонскиот пазар

Редакција

Мицкоски-Столтенберг: За ВМРО-ДПМНЕ неприфатлив договорот со Грција, за референдумот партијата ќе се изјасни следната недела

Редакција