Информацијата дека радарскиот систем на скопскиот аеродром извесен период бил нефункционален и излизгувањето на воз кај Куманово, предизвикаа низа реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телма: Папата Франциск слетал со неисправен радарски систем на скопскиот аеродром
Еве дел од твитовите:
"Папата слетал во Македонија со неисправен радарски систем на Скопскиот Аеродром"
– Абе со векови врз Папата се кроени дијаболични планови за ликвидација… никој не успеал, али затоа Гоце од Мак Навигација ќе го потепал ко комарец јер у моментот му функционирал само ТЕТРИСОТ!
— Бапчо (@TheFitzzz) July 2, 2019
"При слетувањето на Папата во Скопје не работел основниот радар на аеродромот"…со Господ напред нема гајле не дигајте паники
— Ina (@mnogufina) July 2, 2019
Македонскиот воз на пат кон ЕУ pic.twitter.com/I4fRxPjL1o
— Митков (@_Mitkov_) July 2, 2019
И Папата Франциск слетувал под радарски проблеми на аеродромот: https://t.co/QvHHTCMw7w
— Jovan Pеtrоv 🌞 (@jp_wanderer) July 2, 2019
Возот (од времето на ЈУ) излизгал од пругата (исто од времето на ЈУ), небото небезбедно заради лични интереси на одговорните, автопатишта со тумби, кучиња, без соодветна сигнализација, коли возат во спротивен правец итн. Страв да ти е да патуваш во МК. Идам да си купам магаре.
— Миле Паника (@Mile_Panika) July 2, 2019