Лек за корона вирус нема, но лекарите во секоја прилика истакнуваат дека силен имунитет на организмот е најдобар сојузник во борбата против овој вирус, за кој, се уште не се знае многу.
Оттука, како и за секоја борба против инфекција, вирус, грип така и за превенција од корона вирус, потребно е да се консумира здрава храна која изобилува со многу витамини, минерали, но и течности.
Речиси стандардна препорака која секој лекар ќе ви ја каже кога имате нарушен имунитет.
Професорот и лекар Владимир Трајковски, на неговиот фејсбук-профил напиша 10 совети за превенција од корона вирусот.
Витамини кои тој ги истакна дека треба да се пијат се: витамин Д3 1 табл./ден, витамин Ц најмалку 1 гр/ден, цинковит Ц 1 табл./ден, течности најмалку 2л/ден, прополис, врвна хигиена, јадење на многу овошје.
Тој исто така препорачува избегнување натпревари, дискотеки, јавни собири и што е најважно, луѓето да не подлегнат на паниката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пресметавме колкави се шансите секој од нас да заболи од корона вирус и каква е стапката на смртност