еМагазин
Image default
Да помогнеме

Иселеници од делчевското село Град, организираа акција за собирање средства за семејството Миленковски

Иселениците кои потекнуваат од делчевското село Град, организираа акција за собирање средства за помош на Спаско и Радица Миленковски, чии услови за живот се катастрофални.

Според информациите на иселеникот Марјан Маџовски донираните парични средства ќе бидат наменети за да им се подобри животот на нивните сограѓани.

– По иницијатива на иселеници кои потекнуваме од село Град, решивме да се собереме и да направиме собирна акција во чии рамки секој во своите можности донираше парични средства за помош на Миленковски Радица и Спаско.

Целта е чекор по чекор да размислиме што е најдобро да се направи, за да им се помогне на немоќните наши сожители. Во комуникација сме сите кои се најдовме затекнати од овој случај и сигурен сум дека во брзо време ќе направиме се што е наша моќ ова семејство да се извлече од тешката ситуација, рече Маџовски.

Во меѓувреме семејството Миленковски го посетија членови на хуманитарното здружение „Умиление” од Виница, кои донираа прехранбени продукти.

– При нашата посета наидовме на семејство кое живее во крајно отежнати услови без електрична енергија и вода за пиење. Апелирам до сите хумани граѓани доколку некој е во можност да помогнете да се приклучи електрична енергија и поправка на куката, но бидејки семејството нема никакво средство за комуникација може да ги најдете во селото или да не контактирате нас, па заеднички да најдеме некое решение, велат од здружението.

Радица и Спаско Миленковски се мајка и син од делчевското село Град, кои живеат во тешки услови за живот. На неколку пати им е понудена помош од институциите, но истата ја одбиле. Поради лошите услови за живот неодамна за помош апелираше и синот Благој Николовски, кој во немоќ да помогне помошта ја побара од хуманите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тежок е животот во 21 век за семејството Миленковски од делчевското село Град: Без струја и основни хигиенски услови

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Михајло Салтировски (31) е во кома во Аџибадем Систина и потребни се средства за лекување

Редакција

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да му помогнеме на 39-годишниот Марјан Додевски да замине на лекувањe во Турција

Редакција

(Видео) Сторијата за Сузана Тачева и нејзината 12-годишна ќерка Марија ја расплака Македонија, ама и ја крена на нозе

Редакција