И по неколку месеци од загинувањето на планинарите Калина Велевска и Александар Минов на Кајмакчалан се уште нема одговор што всушност се случило и како тие загинале.
Пратеничката Ивана Туфегџиќ на вчерашната собраниската седница за пратенички прашања, праша до каде е истрагата, но не доби конкретен одговор.
Таа побара она што и семејството и пријателите на Калина и Александар го бараат сите овие месеци од несреќата, мрднување на истрагата од мртва точка.
Туфегџиќ рече дека брзината со која се одвива истрагата ги револтира јавноста и семејствата.
„Има дискрепанца на рокови и месеци. Дополнително прашање е до каде е сега истрагата, тоа е општествена одговорност. Прашувам во име на семејствата, да има правда и да се дознае што довело до тоа, двајца млади да ги загубат животите“, прашува Туфегџиќ и додаде дека би ценела доколку истрагата наскоро биде обелоденета.
Инаку, планинарското друштво „Трансверзалец“ со кое Калина и Александар беа на Кајмакчалан денот кога ги загубија своите животи, и понатаму работи и организира тури по планини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ