еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Истражување: Во Хрватска никој што е вакциниран не починал од Kовид-19

Ниту едно лице кое е вакцинирано во Хрватска не починало од последици од инфекција со коронавирусот, покажуваат податоците на хрватскиот Институт за јавно здравје, пишува „Јутарњи лист“.

Анализата е направена врз основа на податоците за сите лица вакцинирани до 10 мај, вкупно 882.120, чиј статус е проверен три недели подоцна, односно на 1 јуни, јави Хина.

Од сите вакцинирани лица, 8.423 се заразиле откако ја примиле првата доза, што е нешто помалку од еден процент од вкупно вакцинираните. По ревакцинација се разболе 1.146 лица.

Од оние кои примиле две дози вакцина, хоспитализирани се 149 или 13 проценти од оние кои се разболеле и покрај вакцинацијата, а од оние кои примиле една доза и сепак се заразиле, околу девет проценти биле упатени на болничко лекување.

Нема починати, што недвосмислено укажува на тоа дека вакцинацијата е најбезбедна заштита, пишува Јутарњи лист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кунгуловски за СП: Невакциниран и непрележан човек има многу мали шанси да не се зарази со делта сојот

Доктор Петличковски за СП: Невакцинираните и непрележаните имаат поголема шанса да се заразат со делта сојот

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детална листа: Владата донесе нови мерки и препораки за превенција на корона вирусот

Редакција

Слаб интерес на македонските фирми за заштита на трговските марки со Македонија/македонско

Редакција

Вежбата „Одлучен удар 21“ на Криволак не предизвика загадување на околината

Редакција