еМагазин
Македонија

Италија и донираше на Македонија 250.000 вакцини Фајзер

Вкупно 250 илјади дози вакцина против Ковид-19 од производителот „Фајзер“ пристигна денеска во земјава, како прв дел од донацијата од Италија, што се реализира преку механизмот Ковакс и УНИЦЕФ, а в среда се очекува да пристигне и втората пратка.

Министерот за здравство Беким Сали посака примањето на прва, втора, но и трета доза вакцина да биде општо прифатена од страна на нашите жители, затоа што како што рече, единствениот начин за заштита против Ковид-19 во моментов е вакцинацијата.

Амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри информираше дека втората пратка од оваа италијанска донација ќе пристигне в среда. Како што посочи, се работи за најголема донација која една држава ја има направено на Северна Македонија.

– Оваа акција е дел од нашите стремежи, нашите заложби да им помогнеме на пријателските земји да се справат со пандемијата, но во конкретниот случај се работеше за посебно внимание кое ние го имаме кон Северна Македонија.

И оваа акција се придружува на сето она што ЕУ го прави за Северна Македонија, и чија што земја членка сме и ние, рече италијанскиот амбасадор по примопредавањето на донацијата.

Тој исто така се придружи на апелот на министерот да се продолжи кампањата за вакцинација.

– Како што знаете, Италија беше земјата која најмногу од сите, прва од сите беше погодена со оваа пандемија и ја спроведе вакцинацијата. И благодарение на оваа масовна кампања за вакцинација, која ја спроведовме, успеавме да се справиме со пандемијата.

Во моментов, ние успеавме да вакцинираме околу според соодветните возрасни категории, 85 до 95 проценти од населението, додаде амбасадорот Силвестри.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако бугарските здруженија не ги сменат имињата, ќе бидат избришани од Регистарот, најавија од Централен регистар

Редакција

Нови 674 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Тетово

Редакција

(Видео) Сузбиена криминална група од Грчец, инволвирана во убиства и трговија со дрога

Редакција