еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Италијанскиот Сенат го ратификуваше Проколот за членство на Македонија во НАТО

Италијанскиот Сенат го ратификуваше денеска Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

Протоколот помина во Долниот дом на Парламентот, но ратификацијата во Сенатот се оддолжи поради политичката криза, која се реши со формирањето нова Влада на Италија.

Благодарност за ратификацијата изрази министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук-профил.

-Благодарам Италија! Уште една ратификација на НАТО Протоколот, напиша Шекеринска во статусот.

Со Италија 23 земји досега го ратификуваа Протоколот за пристапување на земјата во НАТО.

Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Но засега неизвесно е дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера во интервју за МИА во однос на ратификацијата на Протоколот пред самитот на Алијансата изјави дека нема конкретен одговор, но, сепак, остава можност тоа да се случи. Според него, извонреден успех за земјата е што само за девет месеци документот го ратификуваа 22 од 29 членки на НАТО. Интервјуто Сера го даде пред ратификацијата на Италија.

Оваа недела за Протоколот треба да се изјасни Националното собрание на Франција, а процесот треба да заврши и во Велика Британија, Холандија, Исланд. Според праксата досега вообичаено Сенатот на САД последен го ратификува, но поради ситуацијата во Шпанија, се уште не е познато кога ќе биде закажана седницата на Горниот дом на Конгресот.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По Италија Протоколот за членство на Македонија во НАТО ратификуван и од Велика Британија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тритерол петрол“ го доби тендерот на струмички „Комуналец“ за набавка на бензини и дизел вреден 278.000 евра

Редакција

Одобрени 346 специјализации и 69 супспецијализации во здравствените установи за годинава

Редакција

(Фото) Здруженијата за заштита на животните бараат институциите да работат на проблемот со бездомните животни

Редакција