еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Иванов го потпишал Законот за амнестија

Законот за амнестија кој го изготви Координативно тело за помирување, вчера е објавен во Службен весник.

Тоа значи дека Указот за прогласување за овој закон го потпишал претседателот Ѓорге Иванов и оти веќе тече рокот од 5 дена за пријавување на сите обвинети за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.

Според овој закон, секој обвинет треба да поднесе барање да биде амнестиран доколку смета дека ги исполнува условите пропишани со овие законски решенија.

Потоа, последниот збор ќе го имаат судијката и обвинителката во овој предмет, Добрила Кацарска и Вилма Рускоска.

Во предметот обвинети се 33 лица за кривичното дело тeрористичко загрозување на уставниот поредок на државата.

Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителката Рускоска не е задоволна од Законот за амнестија, ни како обвинител, ни како граѓанин

Пировска за Законот за амнестија: „Ќе си лежите! Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија“

Денот кога селективната амнестија стана европска вредност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина забранува работа на проруски политички партии

Редакција

Пад од 8%: Компаниите кои котираат на Македонската берза за шест месеци оствариле промет од 87 милиони евра

Редакција

Убава вест: Оздравени 603 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција