еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изјавите на Пендиков се чиста глупост, оцени Спасовски

За министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјавите кои секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, ги даде во интервју за бугарската телевизија БТВ, се чиста глупост.

Пендиков во интервјуто меѓудругото рече и дека Бугарите во Македонија се плашат дека може да бидат стрелани и никој да не ги заштити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пендиков за БТВ раскажа како се освестил и преку ноќ станал Бугарин

– Не може 30 години да живеете во една држава и никој ништо да не ви рекол и сега одеднаш да речете дека државата не ви ги почитува правата. Тоа не е реално, не е факт. Насилство не смее да има во никој случај за ниту една причина, рече Спасовски, дополнувајќи дека за причините за нападот над Пендиков одговор дава истрагата на Јавното обвинителство и случајот го оцени како расчистен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесено обвинение за нападот на Пендиков

Пендиков ќе добие стан, обезбедување и бугарско државјанство по итна постапка

Пендиков не е бугарски државјанин, еден од неговите напаѓачи е

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета на Телма и МЦМС: Македонските граѓани немаат доверба во ниту еден политичар

Редакција

Спасовски потврди дека МВР е влезено во три фирми, но не кажа дали се на Камчев

Редакција

(Галерија) Брендот ТиноСки веќе можете да го најдете во нов арт простор во Дебар Маало

Редакција