Со 241 новозаразени од корона вирусот регистрирани во текот на вчерашниот ден Македонија повторно собори негативен рекорд од најмногу заболени во 24 часа од почетокот на пандемијата.
Тоа покажува дека актуелните политики со кои беа релаксирани мерките за спречување на ширењето на корона вирусот не функционираат.
Драстичната промена на механизмите за борба против заразата кои започнаа со строги мерки, полициски час и карантини сега е оставена на протоколи и на совеста на граѓаните.
Очигледно е дека протоколите не функционираат или не се почитуваат, како и дека голем број од граѓаните се уште ја потценуваат заканата од корона вирусот.
Истовремено, здравствениот систем и уште поважно здравствените работници се веќе целосно истрошени што може да биде уште поголема закана за периодот што следува. Имено, во септември се очекува нов засилен бран на заразата од корона вирусот.
Рекордниот број новозаболени доаѓа само неколку дена по одржувањето на изборите, на кои една од главните теми во кампањата беше токму пандемијата со корона вирусот.
Доколку не се преземат мерки за зауздување на заразата, новата Влада ја очекува септемвриско цунами од новозаразени и починати од корона вирусот, за што граѓаните ќе бараат одговорност.
При тоа не треба да се заборави дека речиси незабележано помина веста пред два дена дека вон болнички услови е починат пациент на 77 години заразен од корона вирусот.
Системот досега издржа, но доколку ваквиот наплив на заразата продолжи извесно е дека здравствените лица нема да можат да постигнат навреме да им дадат помош на оние што им е најпотребна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Корона вирусот „влезе“ во Домот за стари лица во Радовиш
Штип ново жариште: Рекордни 60 новозаразени со корона вирусот
Болниците се полнат со заразени од корона вирусот, во потешка состојба 49 лица
Починаа уште осум лица заболени од корона вирусот, вкупно 414