еМагазин
Македонија

Изречени 38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 06 до 10 часот на територијата на државава е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.

Како што информираат од МВР, при контролата се санкционирани 38 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, а 13 возила биле упатени на вонреден технички преглед.

– Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, се наведува во соопштението од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 1.001 оздравени од Ковид-19

Редакција

Новите печати ќе бидат и со новото име и според Законот за употреба на јазиците

Редакција

Секој граѓанин што ќе излезе од државата ќе потпише изјава дека следните 3 месеци нема да се врати

Редакција