еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изрешетан полицаец во Велес

Полицаец од СВР-Велес претпладнево околу 10:15 минути пет пати бил застрелан со огнено оружје во близина на велешката црква „Св. Спас“, потврдија од СВР-Велес.

На 46 годишниот М.Е, кој итно е пренесен во Хируршката амбуланта при велешката Општа болница укажана му е прва помош, но поради сериозноста на повредите е препратен на лекување во Скопје.

Доктор Тодор Јаковлевски, портпарол на ЈЗУ Општа болница информира дека повредениот полицаец кој бил донесен во болницата нешто по 11 часот се здобил со четири прострелни рани во абдоменот и една во колено и засега е вон животна опасност.

Од СВР Велес информираа дека нивни екипи се на лице место и вршат истрага.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од МВР за изрешетаниот полицаец во Велес: Му го зел пиштолот и пет пати го застрелал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италијанска извонредност во дизајн и одржлива мода со Моден Викенд Скопје

Редакција

Се повлекува ли полека Трифун Костовски од неговата финансиска империја?

Редакција

Едно лице почина од Ковид-19 во Велес, на кислородна поддршка се 8 пациенти

Редакција