Едно од клучните прашања, од многуте, на кои јавноста очекува одговор е и кај се парите кои ги изрекетирале осомничените за случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство, Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец).
Мистерија за сега е и колку пари се земени.
Од Јавното обвинителство кога ги соопштија првичните детали за “Рекет“, кој за сега официјално се однесува само за рекетирањето на бизнисменот-сведок во случајот, Орце Камчев, рекоа дека од него се земени 1,5 милиони евра, на две рати.
Во снимките на италијанскиот весник „Ла Верита“ видовме еден милион евра.
По Камчев во јавноста се јавија уште неколку бизнисмени, кои тврдат дека ја имале истата судбина како Камчев, а се споменуваа и суми од над 500 илјади евра по бизнисмен.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак тврдат дека се работи за сума од над 20 милиони евра. Така изјави Александар Николоски, потпретседателот на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОК, Катица го договарала Камчев за соработник-сведок, а Боки 13 во која улога е во приказната?
Дечки, “мрачните сили“ не отидоа по рекет кај Камчев, Боки 13 беше