Македонскиот премиер Зоран Заев, во интервју за „Би-Би-Си“ на српски јазик, разговара за актуелните политички случувања во земјава поврзани со престојниот референдум, состојбата на Балканот…, а меѓудругото споделува и дека дневно одговара на три до пет илјади пораки и дека е во тек со се.
„Одговарам на три до пет илјади пораки дневно. Тоа значи дека сум во тек со сите проблеми а тоа е предноста на малите земји. Знам дека расположението во земјата е позитивно. Прашање е дали на гласањето ќе излезат доволен број на луѓе, затоа што на референдум не излага иста бројка на луѓе како и на изборите“, вели Заев.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.