еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле дел од градоначалниците кои беа избрани во првиот круг од Локалните избори.
Напоменуваме дека сме во можност да објавиме информации само за оние кои се актуелни или поранешни функционери, па имале обврска да го пријават имотот до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).
Каков имот пријавил Блерим Беџети
Според анкетниот лист на Беџети, кога првпат стана градоначалник, на негово име нема недвижен имот.
На име на родителите пријавил куќа во Глумово, на име на сопругата пријавил возило Фолксфаген пасат и орочен денарски депозит.
Депозит од 516,6 илјади денари пријавил и на свое име, како и златен накит и часовници, проценети на 200 илјади денари.
Златен накит и часовници, проценети на 1,3 милион денари пријавил и на име на сопругата.
Беџети на свое име пријавил и заштеда од 17 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Митко Јанчев, старо-новиот градоначалник на Кавадарци
Каков имот пријавил Томе Христоски, старо-новиот градоначалник на Крушево
Каков имот пријавил Иван Јорданов, новиот градоначалник на Штип
Каков имот пријавил Алија Јаоски, новиот градоначалник на Пласница
Фото: Фејсбук/Беџети