еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил пратеникот Рашиди кој поднесе оставка за да стане директор на МЕПСО

Пратеникот од Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди поднесе оставка за да стане нов директор на државната МЕПСО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеникот Рашиди поднесе оставка, стана директор на МЕПСО

Тој доаѓа на местото на Орхан Муртезани од редовите на Алтернатива, која излезе од Владата.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал пратеник.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил плац во Радолишта, Струга, од наследство, возило Ауди А4 и девизна штедна книшка.

Интересно е дека ни на свое име, ни на некој друг од фамилијата не пријавил ни стан, ни куќа.

Како заеднички имот пријавил земјоделско земјиште, ливада, лозје и шума, во Радолишта, од наследство.

На име на сопругата пријавил уште едно возило, а на име на децата девизна штедна книшка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ремзи Мехеди од Алијанса на Албанците нов пратеник

Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците предлог за директор на МЕПСО, Бујаре Абази на „Македонска пошта“

Фото: Рашиди/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починало едногодишно дете со Ковид-19, имало неколку хронични заболувања

Редакција

Пристигнаа 140.000 обрасци за пасоши, уште термин за фотографирање да можете да закажете

Редакција

43,1% помалку смртни случаи од Ковид-19 во однос на минатата недела

Редакција