еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Сали Мурати, новиот претседател на Уставниот суд

Судијата од Уставен суд, Сали Мурати е новиот претседател на овој суд.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција кога станал уставен судија.

Каков имот пријавил?

Според неговиот анкетен лист како заеднички имот пријавил куќа во село Врапчиште, Гостивар од 180 метри квадратни, проценета на 5,5 милиони денари, стекната од наследство.

Како заеднички имот пријавил и стан во Скопје од 75 метри квадратни, проценет на 3,4 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

Како личен имот пријавил стан во Гостивар од 54 метри квадратни, проценет на 2,5 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

Вози Опел Астра, а на име на децата пријавил и возило Ауди 6.

На име на сопругата пријавил благородни метали, , а на свое име, заем, побарување и закуп на деловен простор…

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сали Мурати, новиот претседател на Уставниот суд

Судијата Сали Мурати избран за нов претседател на Уставниот суд

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за поранешниот претседател на ДИК, Оливер Дерковски за набавката на софтверите

Редакција

„Жикол“ го доби тендерот за изградба на патна инфраструктура во Сончевата езерска населба Мантово вреден 190.000 евра

Редакција

ЕДС го доби тендерот на општина Кавадарци за набавка на струја вреден 295.000 евра

Редакција