еМагазин продолжува со серијалот во кој Ви пренесуваме каков имот до Антикорупциска комисија пријавиле новите градоначалници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје
Каков имот пријавила Данела Арсовска
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, според нејзиниот анкетен лист, нема ништо на свое име. Се што пријавила е заеднички имот со сопругот.
Пријавила два стана од по 38 и 42 квадрати и деловен простор од 22 квадрати.
Пријавила и возило Хјундаи, акции, за кои не далa податок каде, денарски депозит од 4,1 милиони денари, како и два кредити.
Кредитите се земени лани, едниот е во вредност од 2 милиони денари и истиот треба да го врати до 2025 година, а другиот е во вредност од 203 илјади денари, за кој нема податок кога треба да го врати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Љупчо Папазов, новиот градоначалник на Кочани
Каков имот пријавил Рамиз Мерко, старо-новиот градоначалник на Струга
Каков имот пријавил Максим Димитриевски, старо-новиот градоначалник на Куманово
Каков имот пријавил Арбен Таравари, старо-новиот градоначалник на Гостивар
Фото: Град Скопје