Бизнисменот Јордан Камчев, кој обвини дека бил рекетиран од Бојан Јовановски -Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, по што Обвинителството го отвори случајот „Рекет“ денеска даде исказ како сведок пред обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство.
Камчев ги обвини Боки 13 и Кичеец дека го рекетирале, односно му ветувале укинување на мерката притвор, на патната исправа, но и комплетно запирање на сите активности на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) поврзани со предметот „Империја“ во кој тој е осомничен.
Потврда дека ќе биде ослободен дала и Јанева, според разговорите објавени на веб сајтот на италијанскиот весник „Ла верита“ на кои се слушаше како му вели на Камчев дека: „се ќе биде во ред“.
Јанева беше повикана на распит, а наредниот ден притворена. Од нејзиниот дом беше изнесен мебел, вреден околу 5.000 евра, за којшто таа е осомничена дека го примила како подарок.
Триесет дневен притвор претходно им беше одреден и на Боки 13 и Кичеец. Во моментов сите тројца се наоѓаат во „Шутка“.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој го сликаше записникот за сведочењето на Камчев за „Рекет“?
„Афера.бг“: Знаат ли бугарските безбедносни служби дека Камчев одмара на јахта во Варна?