еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Камчев: Моите компании работат законски, отворени сме за соработка со СЈО

Извршниот директор на „Орка Холдинг“, Јордан Камчев денеска преку пишано соопштение изјави дека сите негови компании се отворени за соработка со Специјалното јавно обвинителство, како и со сите други државни институции во земјава, а пред се во интерес на одржување квалитетна бизнис клима и економски просперитет во земјата.

Тој ја информира јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3.000 лица, максимално се отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор.

– Компаниите во кои сум сопственик, со целосна одговорност изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Република Македонија и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење, стои во соопштението.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека е отворена истрагата „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Империја“ е нова истрага на СЈО: Вклучени семејството Камчеви, Мијалков и сопственикот на „Пелистерка“ Панделески

При денешните претреси на СЈО, уапсени пет лица

СЈО ги „тресе“ фирмите на Камчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјите од регионот се очекува конечно да одлучат за отворање на границите следната недела, најави Филипче

Редакција

15.000 македонски граѓани викендов ќе се ревакцинаат во Белград и Ниш, најголем дел од нив со „АстраЗенека“

Редакција

Дипломирала со просек од 9,94: Што пишува во биографијата на идната министерка за финансии, Ангеловска

Редакција