еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Канцелариите за врски во Атина и Скопје стануваат амбасади

Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Хеленската Република денеска разменија ноти, со кои, се подига нивото на канцелариите за врски во Атина и Скопје на ниво на амбасади.

„Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Хеленската Република, денеска разменија ноти, со кои, согласно членот 10 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, се подига нивото на Канцеларијата за врски во Атина на ниво на Амбасада на Република Северна Македонија, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Солун на ниво на Генерален конзулат, а истовремено, Канцеларијата за врски во Скопје се подига на ниво на Амбасада на Хеленската Република, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат“, соопшти МНР.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски ќе одмара во Црна Гора, Николоски во Охрид, Тошковски во Турција

Редакција

Тужен за геноцид: Денеска во Хаг почнува процес против Израел, по тужба од Јужна Африка

Редакција

Кои сѐ партии влегоа во трката за пратеници

Редакција